Обраќање на премиерот Заев по повод промоцијата на паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“ во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”

Ве известуваме дека утре 02.09 2021 година (четврток), од 10:00 часот премиерот Зоран Заев ќе има обраќање по повод промоцијата на паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“ во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”. Присутни на настанот ќе бидат и министерката за образование и наука, Мила Царовска, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, директорката на Средното медицинско училиште, Маја Салиу и директорот на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов.

Календар Влада: 
Thursday, September 2, 2021 - 10:00 to 11:00