Премиерот Заев ќе ја отвори Првата годишна конференција на Министерство за финансии, „Економско заздравување и раст по КОВИД-19“

Ве известуваме дека на 06.09.2021 година (понеделник) во 12:00 часот, премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими ќе ја отворат Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по КОВИД-19“ во рамки на Економскиот и финансиски форум.

На дводневната конференцијата, во организација на Министерството за финансии, на засебни панел сесии ќе дебатираат високи гости од меѓународните финансиски институции, владини претставници од земјата и регионот, амбасадори, експерти, претставници на невладиниот и бизнис секторот. Во фокус ќе бидат теми поврзани со глобалните и регионалните перспективи на постпандемиско закрепнување и раст.

Календар Влада: 
Понеделник, Септември 6, 2021 - 12:00 to 13:00