Премиерот Заев ќе предводи владина делегација во Тирана на работна средба на лидерите на Западен Балкан со германската канцеларка Меркел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на покана на канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, утре ќе ја предводи владината делегација во еднодневна работна посета на Тирана.

Премиерот Заев ќе учествува на работната средба на канцеларка Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Согласно агендата, во текот на попладнето претседателот на Владата Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел.

Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети Македонскиот културен центар во Тирана.

Календар Влада: 
Вторник, Септември 14, 2021 - 00:00 to 23:45