Обраќање на премиерот Заев на завршен увид на пречистителна станица во Штип

Ве известуваме дека утре, 15.09.2021 година (среда), во 12:00 часот премиерот Зоран Заев ќе има обраќање и ќе направи увид во завршната фаза на пречистителната станица во Штип како дел од ХС „Злетовица“.

Присутни на настанот ќе бидат и Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Милан Предан, амбасадор на Република Словенија во Северна Македонија,  Хиронори Савада, амбасадор на Јапонија во нашата земја, Сашко Николов, градоначалник на Штип и Драган Анастасов, градоначалник на Пробиштип.
 

Календар Влада: 
Среда, Септември 15, 2021 - 12:00 to 13:00