Посета на премиерот Заев и вицепремиерот Груби на приватна инвестиција - фабрика за производство на кабли во индустриската зона „Сарај“

Ве известуваме дека на 16 септември 2021 година (четврток) со почеток во 09:00 часот претседателот на Владата Зоран Заев заедно со првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министрите Бесими и Бектеши и градоначалниците Шилегов и Беџети ќе посетат производствена фабрика од индустриска дејност „One cable“.

Се работи за современа инвестиција вредна 3 милиони евра во индустриската зона „Сарај“, за производство на бакарни кабли и ПВЦ гранулат за електрична енергија со најмодерна технологија.

Календар Влада: 
Четврток, Септември 16, 2021 - 09:00 to 10:00