Владата ќе ја одржи редовната 107-та седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 21.09.2021 година (вторник), со почеток во 12:30 часот, ќе ја одржи редовната 107-ма седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за финансии ќе биде разгледан Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, кој предвидува измени во насока на подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините.

На редовната седница, пред министрите за разгледување е превидена и Информацијата за спроведување на ИПА проектот „Набавка на ИТ и друга специфична опрема за информатички систем и мониторинг на животната средина“.

Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.
 

Календар Влада: 
E martë, Shtator 21, 2021 - 12:30 to 13:30