Прес-конференција на вицепремиерот Димитров и потпишување на меморандум со Естонскиот центар за меѓународен развој

Ве известуваме дека денеска, 24.09.2021 година (петок) со почеток во 11:00 часот во Медија центарот на Владата, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе одржи прес-конференција за претставување на трилатералниот проект за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија.

Проектот ќе го спроведува Секретаријатот за европски прашања, со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој.

По тој повод, на прес-конференцијата, покрај вицепремиерот Димитров, ќе се обратат и амбасадорките на САД и Естонија во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз и Кристи Карелсон, а ќе се потпише и Меморандум за соработка со Естонскиот центар за меѓународен развој.

Календар Влада: 
Петок, Септември 24, 2021 - 11:00 to 12:00