Владата ќе ја одржи 113-тата седница

Владата на Република Северна Македонија денеска, 19.10.2021 година (вторник) ќе ја одржи 113-тата редовна седница, со неколку точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на дневен ред за разгледување е Извештајот за завршените преговори за склучување Спогодба за дополнување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и повеќе информации и извештаи за планирани и реализирани проекти на одделните министерства.

За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто ќе се одржи со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Календар Влада: 
Tuesday, October 19, 2021 - 12:00 to 13:00