Најава Владата ќе ја одржи 118-та седница

Владата на Република Северна Македонија денеска, 9.11.2021 година (вторник), ќе ја одржи 118-тата редовна седница, со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата на дневен ред, меѓу другото, се повеќе предлог-закони за изменување и дополнување, меѓу кои на Законот за заштита на децата, за социјална заштита и за основното образование, како и одделни извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.

За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто ќе се одржи со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Календар Влада: 
E martë, Nëntor 9, 2021 - 12:00 to 13:00