Јавен оглас за именување директор на Државниот инспекторат за труд

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
16.12.2021

Врз основа на член 3 став 3 од Законот за инспекцијата на труд („Службен весник на Република Македонија“ бр.35/1997, 29/2002, 36/2011, 164/2013, 44/2014, 33/2015, 147/2015, 21/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.317/2020) и член 27 и член 28 од Законот за Инспекциски надзор („Службен весник на Република северна Македонија“ бр.102/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за именување директор на Државниот инспекторат за труд

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Државниот инспекторат за труд, орган во состав на Министерството за труд и социјална политика.    

2. За директор на Државниот инспекторат за труд може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:

  • има државјанство на Република Северна Македонија; 
  • во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 
  • има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 
  • има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област; 
  • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик: 
    • ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода, 
    • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, 
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, 
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, 
    • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2); 
  • Поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

3. За Директор не може да биде именувано лице кое е член во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Северна Македонија или Владата или соодветната единица на локалната самоуправа.

4. За директор на Државниот инспекторат за труд може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

5. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

  • Пријава по оглас;
  • Кратка биографија;
  • Мотивациско писмо; 
  • План и програма за идна работа;
  • Уверение за државјанство; 
  • Доказ дека во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
  • Доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област; 
  • Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик: 
    • ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода, 
    • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, 
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, 
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, 
    • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2); 
  • Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

6. Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса:

  • Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Државниот инспекторат за труд“.

7. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

8. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).

9. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021 и 152/2021).

10. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од  денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

11. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 

12. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.