Јавен оглас за именување заменик-директор на Царинската управа

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
08.12.2021

Врз основа на член 6 од Законот за царинската управа („Службен весник на Република Македонија “ бр.46/2004, 81/2005, 107/2007, 103/2008, 64/2009, 105/2009, 48/2010, 53/2011, 113/2012, 43/2014, 167/2014, 33/2015, 61/2015, 129/2015, 23/2016, 120/2018, 248/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.122/2021), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за именување заменик-директор на Царинската управа

1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот за финансии ќе именува заменик-директор на Царинската управа. 

2. За заменик-директор на Царинската управа може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:

  • е државјанин на Република Северна Македонија;
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 
  • да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование; 
  • да има најмалку пет години работно искуство; 
  • да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: 
    • ТОЕФEЛ ИБТ - со најмалку 74 бодови,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бодови, 
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, 
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или 
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

3. За заменик-директор на Царинската управа може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

4.    Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

  • Пријава по оглас;
  • Кратка биографија;
  • Мотивациско писмо; 
  • План и програма за идна работа;
  • Уверение за државјанство; 
  • Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Диплома за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
  • Доказ дека има најмалку пет години работно искуство; 
  • Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: 
    • ТОЕФEЛ ИБТ - со најмалку 74 бодови,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бодови, 
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, 
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или 
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса:

  • Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување заменик-директор на Царинската управа “.  

6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).

8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021 и 152/2021).

9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 работни дена, сметано од  денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 

11. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.