Владата ќе ја одржи редовната 125-та седница

Владата на Република Северна Македонија денеска, 7.12.2021 година (вторник) ќе ја одржи редовната, 125-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе биде разгледуван Предлог-законот за ратификација на Мултилатералната Конвенција за имплементација на мерките за спречување на ерозија на даночната основа и преместување на профитот кои се однесуваат на договорите за одбегнување на двојното оданочување.

Пред министрите, меѓу другото на разгледување ќе се најдат и Информацијата за изготвена Стратегија за здравство на Република Северна Македонија 2021-2030 година, како и Информацијата за текот на реализацијата на Националната стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората, 2019-2023 година.

За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Календар Влада: 
Вторник, Декември 7, 2021 - 12:00 to 13:00