Владина делегација положи цвеќе на гробот на претседателот Глигоров по повод 10 годишнината од неговото упокојување

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Киро Глигоров.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата.

Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.