Германската министерка за Европа, Ана Лирман во посета на Северна Македонија

Ве известуваме дека денеска во посета на Република Северна Македонија ќе биде министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман.

Владината делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со германската министерка за Европа Лирман, по што следуваат две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и министерот за надворешни работи.

Фокус на разговор ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.

Календар Влада: 
E hënë, Janar 17, 2022 - 00:00 to 23:45