Редовна 10-та седница на Владата

Владата на Република Северна Македонија денеска, 1.2.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 10-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се најде Извештајот за извршени преговори за усогласување на Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Северна Македонија во Програмата на Унијата Фискалис за периодот 2021-2027 година.

Меѓу другото, на предлог на Министерството за финансии, на денешната седница министрите ќе го разгледуваат и Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
 
Министрите во Владата на оваа седница ќе ја разгледаат и Информацијата за приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот-ИХРА.
 
За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, со почеток во 14:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Календар Влада: 
Tuesday, February 1, 2022 - 14:00 to 15:00