Премиерот Ковачевски ќе даде изјава по повод продолжување на отворениот дијалог за растот на пензиите

На ден 4.3.2022 година (петок) во 17:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заменик-претседателот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска ќе одржат состанок со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионерите. Со овој состанок продолжува дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите.

Календар Влада: 
E premte, Mars 4, 2022 - 17:00 to 18:00