Премиерот Ковачевски на свечена церемонија во Александруполи по повод започнување на изградбата на ЛНГ терминалот

Утре, 3 мај 2022 година (вторник) премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на свечената церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи.

На свечената церемонија обраќања ќе имаат и премиерите на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, како и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во состав на Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

 

Календар Влада: 
Вторник, Мај 3, 2022 - 00:00 to 23:45