Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска учествуваше на семинарот на тема: „Нови технологии и добри практики во геодезијата“ во организација на Совет на Геодети на Европа.
„Најпрво Ви благодарам на поканата за присуството на оваа стручна дебата во време кога се наоѓаме во фаза на спроведување на најважната реформа во дејност Градежништво. Посебно сега кога имаме задача да одговориме на сите надворешни ценовни шокови кои силно влијаат на целокупната дејност. Пред нас е предизвикот да ги спроведеме сите реформи, да прифатиме нови методи и пракса за да може да воведеме високо ниво на професионалност и стандардизација на нормите“, истакна Беким Реџепи заменик министер за транспорт и врски.
Во неговото обраќање тој потенцираше за придонесот на државните институции за креирање на квалитетни политики во геодетската дејност.
„Агенцијата за катастар веќе е во фаза на изготвување на предлог законско решение со што се врши издвојување на геодетската дејност, надлежноста и организација на приватниот гоедетски сектор во посебен закон. Веруваме дека наскоро заеднички вие како стручна фела и ние како институционални органи ќе донесеме квалитетно законско решение за да го подигнеме квалитетот на работата на Геодетите. Тоа што за нас е важно е вашиот придонес во креирање на политиките во дејноста што ја застапувате“, истакна Реџепи.
Заменик министерот Реџепи упати честитки до Комората на Здружението на трговци за геодетската работа за организирање на манифестацијата која се очекува да понуди нови решенија за имплементација. Тој додаде дека министертството е во фаза на донесување на нов закон за градење со кој ќе се стимулира просторниот и економскиот развој на државата.