Премиерот Ковачевски во посета на компанијата „Брако“ во Велес

На 13 мај 2022 година (петок) во 11:30 часот, премиерот Димитар Ковачевски ќе ја посети велешката компанија од метало-преработувачката индустрија „Брако“.

Премиерот Ковачевски, заедно со раководството на „Брако“, како и со вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе направат обиколка на производните капацитети, по што ќе следат обраќања.

Календар Влада: 
Friday, May 13, 2022 - 11:30 to 12:30