Премиерот Ковачевски ќе се обрати на доделувањето договори од Програмата за рурален развој

Денеска, 18 мај 2022 година (среда) со почеток во 12:00 часот, премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува на настан во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за доделување договори од Јавниот повик за набавка на системи за наводнување капка по капка и конструкција на бунари од Програмата за рурален развој.

Локација: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

На настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерот Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој Никица Бачовски, а потоа ќе се доделат договорите на земјоделските стопанства.

Календар Влада: 
Wednesday, May 18, 2022 - 12:00 to 13:00