Премиерот Ковачевски во посета на Пробиштип

На 6.6.2022 година (понеделник), претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски како дел од дневната агенда во Општина Пробиштип ќе ја посети фабриката Таб Мак, ќе направи увид на градежните работи на патот до Лесново и ќе го посети рудникот Булмак.

На настаните ќе бидат присутни заменик-претседатекот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министрите за транспорт и врски и за земјоделство Благој Бочварски и Љупчо Николовски.

 

Календар Влада: 
Понеделник, Јуни 6, 2022 - 12:30 to 15:45