Официјална посета на канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц во Скопје
На 11 јуни 2022 година (сабота) канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц ќе пристигне во Скопје на официјална посета.
Канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.
Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.
Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.