Нуредини: Бизнисите мора и треба да бидат водечки во енергетската транзиција во регионот, а на предизвиците треба да гледаме како на можности за просперитет

Денеска во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Мрежата за климатска акција на Европа (CAN Europe) и Центарот за истражување и информирање за животната средина - Екосвест,  се одржа хибридна тркалезна маса на тема “Можностите и предизвиците за бизнис секторот од воведување механизми за оданочување на јаглеродот во регионот на Западен Балкан”.

Различни чинители и претставници од владиниот, граѓанскиот, академскиот и приватниот сектор од регионот на Западен Балкан, разговараа за можностите како бизнисот да се најде во првите редови на енергетската транзиција.

Со оглед на потребата од брза климатска акција и декарбонизација на деловниот сектор, со оваа тркалезна маса се обезбеди платформа за препознавање на неговата клучна улога во енергетската транзиција на Западен Балкан и значењето за неговото рано вклучување во креирањето на соодветните политики.

„Активното и навремено вклучување на бизнисите, а особено енергетски интензивните и енергетско производствените, во остварувањето на целите за декарбонизација како чекор напред кон постигнување јаглеродна неутралност до 2050 година, не само што е корисно за општеството, туку може да биде и економски исплатливо“ изнесе министерот Насер Нуредини, поканувајќи го бизнис секторот да ги сподели добрите искуства и главните поттикнувачки мерки како преминот кон позелени индустриски пристапи да се изведе на најефективен, праведен и успешен начин во регионот.

За време на панел дискусијата беа разгледани деловните можности и предизвици на енергетската транзиција, можните добри прилики и ефекти од оданочувањето на јаглеродот, како и потребата за подготовка на приватниот сектор за одговарање на обврските поврзани со климатските цели за 2030, Патоказот за декарбонизацијата на

Енергетската заедница, Софиската декларација за Западниот Балкан и ЕУ механизмот за гранично прилагодување на емисиите на јаглеродот.

На тркалезната маса со свои излагања се вклучија претставници на водечки компании од енергетскиот и другите јаглеродно-интензивни индустриски сектори од Западен Балкан., претставници од Црна Гора, од домашните компании Цементара УСЈЕ, Титан Скопје, Макстил, но и од научната фела што учествуваше во анализите и израбoтката на можните сценарија, како и при моделирање и креирање на националните политики и климатски цели. 

„Патеките кон постигнување на целите за климатска неутралност мора да бидат сеопфатни и правични. Во постигнувањето на овие цели, императив е секоја засегната страна да преземе одговорност за своите постапки, вклучително и индустриите интензивни за јаглерод. Рана транзиција кон решенија без фосили, не се само можност за ублажување на климатските промени, туку се и можност за економијата преку адаптирање и прилагодување на бизнис моделите да го минимализира влијанието на транзицијата и да обезбеди долгорочна одржливост“ – порачаа организаторите.