Алити: Градиме план и стратегија за подобрување на условите за враќање на квалитетните кадри во земјава

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, денеска присуствуваше на тркалезната маса посветена на враќањето на квалитетните кадри во татковината, под наслов: „Враќање на човечкиот потенцијал“, во организација на Универзитетот „Мајка Тереза”.

Поздравувајќи ги присутните, Министерот се осврна на подобрувањето на условите и квалитетот на живот, како предуслов за враќање на човечкиот потенцијал.

Мерит системот којшто е меѓу приоритетите на Министерството за информатичко општество и администрација е еден конкретен чекор за постигнување на таа цел.

Иако живееме во бурни времиња, треба да имаме предвид дека местото на квалитетните умови повеќе припаѓа на татковината отколку надвор од неа.

Министерот додаде дека како Влада и како министерство градиме план и стратегија за подобрување на условите за враќање на квалитетниот кадар.