Алити-Рендевска: Денешниот договор е конкретен чекор до процесите на дигитализација

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, денеска потпиша договор со директорката на Инспекцискиот Совет, Даниела Рендевска за давање на користење без надоместок на Софтверска програма за автоматизација на инспекциската постапка и инспекциското работење, кој вклучува :

  • техничка документација за развиено софтверско решение,
  • техничка подготовка за развиено софтверско решение за поврзување и размена на податоци со другите институции преку платформата за интероперабилност,
  • изворен код за софтверско решение,
  • тренинг материјали за корисници за софтверско решение,
  • тренинг материјали за администратори на софтверското решение.

На ваков начин се олеснуваат процедурите и работата на Инспекцискиот Совет и се реализира едeн од нашите приоритети како Министерство за информатичко општество и администрација што се поврзува со процесите на дигитализација на државните институции.