МЗШВ со потсетување до земјоделците: Уште 2 дена рок за доставување апликации за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека на 30 јуни истекува рокот на кој земјоделците може да аплицираат на четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари наменети за подигнување на долгогодишни насади.

Преку овие четири јавни огласи на располагање се ставени вкупно 4.294 хектари државно земјоделско обработливо земјиште до 3 хектари, распределени во 31 регион низ државата и тоа: Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Ресен, Тетово, Гази Баба, Свети Николе, Струга, Охрид, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Демир Хисар, Валандово, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Берово, Битола, Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип.

Намена на земјоделското земјиште кое се дава под закуп е за подигнување на долгогодишни насади и оранжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигнување на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри за период до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности за рурален туризам до 30 години.

Целта на Министерството е со ваквите јавни повици да се стави на располагање на земјоделците секоја педа обработливо земјоделско земјиште, односно да се обезбедат поголеми услови и мотивација за производство на домашна храна за сите граѓани.

Огласите беа распишани на почетокот на месецот и се достапни на следните линкови:

Јавен оглас бр. 01/2022: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2661

Јавен оглас бр. 02/2022: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2662

Јавен оглас бр. 03/2022: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2664

Јавен оглас бр. 04/2022: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2665

Исто така, во тек се и два јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари чиј рок за аплицирање е заклучно со 21 јули 2022 година.