Оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Гостивар

Институција која огласува: 
Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
14.07.2022

Врз основа на член 19 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007 и 104/2015), а во врска со Одлуката за определување на бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.3/2008 и 215/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 178/2019), Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 21 јуни 2022 година, донесе

О Д Л У К А
за распишување Оглас за именување државен правобранител во
Државното правобранителство на Република Северна Македонија за
подрачјето на Гостивар

1. Се огласува именување на еден државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Гостивар.

2. За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Гостивар може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку пет години по положен правосуден испит и да ужива углед за вршење на функцијата.

3. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во член 20 од Законот за државното правобранителство пријавата со потребните документи во оригинал или копија заверена на нотар, да ги поднесат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса:

  • Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Гостивар“, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во дневните весници „Вечер“, „Нова Македонија“ и „Коха “.

 

Пропратни документи: