Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан - Презентација и потпишување на договор за нова инвестиција "e.GO" во ТИРЗ Тетово

Ве известуваме дека утре (сабота) 13 август 2022 година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод презентација и потпишување на договор за нова инвестиција „e.GO“.

Покрај премиерот Ковачевски, на настанот ќе се обратат и министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски. На презентацијата ќе бидат присутни и останатите вицепремиери и министри на Владата на Република Северна Македонија.

Настанот ќе се одвива во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово, со почеток во 12:00 часот. Медиумските екипи кои ќе го проследат настанот, неопходно е да бидат пристигнати во ТИРЗ Тетово најдоцна до 11:30 часот. На настанот не се предвидени новинарски прашања. 

Календар Влада: 
Сабота, Август 13, 2022 - 12:00 to 13:00