Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија 

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
02.09.2022

Врз основа на Програмата за волонтирање во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година, Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на кандидати за волонтирање во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија 

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Канцеларијата). 

Канцеларијата како организатор на волонтерската работа има потреба од ангажирање на 2 волонтери со завршено високо образование или најмалку 180 кредити според ЕКТС и со знаења и вештини, потребни за давање услуги во Канцеларијата. 

Волонтерите ќе даваат поддршка на работата на советниците и соработниците, а ќе помагаат и во работата на административните службеници во Канцеларијата.

За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи:

  • кратка биографија; 
  • мотивационо писмо и
  • диплома или уверение за завршено високо образование или најмалку 180 кредити според ЕКТС. 

Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија, односно заклучно со 02.09.2022 година до 16:00 часот.

Потребната документација заинтересираните кандидати треба да ја достават до Архивата на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија или пo пошта на следнава адреса: Канцеларија на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, бул. „Илинден" бр. 2, 1000 Скопје (со назнака „за јавен повик за волонтери - Канцеларија на претседателот на Владата на Република Северна Македонија"). 

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи.

Селекцијата на кандидатите за волонтери ќе се врши од страна на  Комисија за селкција на волонтери,  формирана од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Само ангажираните волонтери ќе бидат контактирани.

Волонтерскиот ангажман ќе се заснова за период од 3 (три) месеци односно до крајот на оваа календарска година, за што со секој од волонтерите ќе се потпише и договор за волонтирање. Волонтерите за давањето на услугите, знаењата и вештините за работите од надлежност на Канцеларијата имаат право на надоместок на трошоци за храна и трошоците за превоз до и од местото на волонтирањето во висина до 15% од просечната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година.

По завршување на волонтирањето, Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија не презема обврска за вработување на волонтерите.