Редовна Владина седница
Владата на Република Северна Македонија, денеска, 13.9.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната, 82-ра седница.
На седницата, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација на дневен ред е ставена Информацијата за потребата од потпишување на Меморандум за соработка помеѓу DAI Global,LLC. и Владата на Република Северна Македонија.
Исто така за разгледување, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предложени и Информацијата за реализација на прва фаза - водоснабдување од проектот ЈПХС Злетовица за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, како и Информацијата за воведување нови финансиски инструменти во земјоделскиот сектор во Република Северна Македонија.
Пред министрите, покрај другото ќе се најде и Информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за реконструкција на филтер станица за вода за пиење во Берово, подготвена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
За донесените заклучоци и одлуките од денешната Владина седница, предвидена да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение.