Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски утрово по локално време ќе присуствува на отворањето на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Премиерите и шефовите на држави ќе ги пречека генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. Со ова започнува генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации. Годинешната сесија на Генералната асамблеја на ОН е со тема „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“, во рамки на 77-то Генерално собрание кое е фокусирано на темата: „Решенија преку солидарност, одржливост и наука“.
За попладнето по локално време во Њујорк предвидено е премиерот Ковачевски, заедно со останатите негови колеги од Западен Балкан да присуствуваат и на работен ручек, организиран од високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел.