Премиерот Ковачевски ќе одржи предавање на Универзитетот Колумбија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во 15:00 часот по локално време, односно 21:00 часот по македонско време ќе одржи предавање на реномираниот Универзитет Колумбија, каде ќе даде осврт на уникатниот модел на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација на земјата.

Предавањето ќе се одржи во рамките на серијата говорници и предавања на Форумот на светски лидери каде досега учествувале над 300 претседатели на држави од 85 земји, меѓу кои и премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, премиерката на Норвешка, Солберг, премиерката на Финска, Марин.

Во оваа серија говорници, предавања имаат одржано и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, поранешната државна секретарка на Стејт департментот Медлин Олбрајт, поранешниот претседател на Француската Република Никола Саркози, поранешниот генерален секретар на ООН Бан Ки-Мун.

Календар Влада: 
E mërkurë, Shtator 21, 2022 - 21:00 to 22:00