Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски утре, 24 септември 2022 година, во 10:00 часот по локално, односно во 16:00 часот по македонско време ќе учествува и ќе говори на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД). Тема на годинешната генерална дебата е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“.
Обраќањето може да се проследи во живо на следните линкови:
Со ова обраќање премиерот Ковачевски ја завршува посетата на САД и учеството на 77-то Генерално собрание на ООН во Њујорк.
Во рамките на посетата премиерот Ковачевски ја предводеше владината делегација составена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, постојаниот претставник на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчковски, советникот за надворешни работи Едмонд Адеми и шефот на кабинет Мартин Попов.