На маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со претставниците на Американскиот еврејски комитет, претседателот Мајкл Тичнор и извршниот директор Дејвид Харис.
На состанокот беше изразено задоволство од успешната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Американскиот еврејски комитет и уште еднаш беа повторени заложбите за внесување на еврејската заедница во Уставот на Република Северна Македонија.
На средбата беше разговарано за значењето на стратешкото партнерство меѓу Република Северна Македонија и САД, при што, како што беше истакнато, остануваме стабилен стратешки партнер и докажан сојузник на САД, посветен на сочувување на безбедноста, слободата и демократијата.
На средбата беше оценето дека билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Израел се на високо ниво и дека постои голем потенцијал за продлабочување на соработката во областа на безбедноста, економијата, трговијата, но и во енергетиката, земјоделството, стартапите и технологијата.