Премиерот Ковачевски во МЕПСО по повод реализација на проектот за поголема сигурност на нашиот електроенергетски систем

Денеска, 1.11.2022 година (вторник) во 10:00 часот, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод реализацијата на проектот на АД МЕПСО за модернизација на телекомуникациската опрема. Целта е да се овозможи поголема сигурност и стабилност на нашиот електроенергетски систем.

На настанот свои обраќања ќе имаат и генералниот директор на МЕПСО, Орхан Муртезани, како и Анди Аранитаси претставник од ЕБОР, а ќе присуствуваат и министри во Владата, изведувачите, како и раководството на ЕСМ и  МЕПСО.
 

Календар Влада: 
E martë, Nëntor 1, 2022 - 10:00 to 11:00