ЈАВЕН ОГЛАС бр.13/2022 за именување директор на Државниот инспекторат  за локална самоуправа

Институција која огласува: 
Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
15.11.2022

Врз основа на член  12 од Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 187/2013, 43/2014 и 64/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.13/2022
за именување директор на Државниот инспекторат 
за локална самоуправа

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, за време од четири години.    
2. За директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење професија, дејност или должност, за времетраење на мерката,
- да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
- да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето,
- да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати за познавање на англиски јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ со најмалку 74 бодови, ИЕЛТС со најмалку 6 бодови, ТОЛЕС базично познавање, ИЛЕК најмалку Б2 ниво, Кембриџ сертификат со намалку Б1 ниво, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

3. За директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf  ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx 

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
     1) Пријава по оглас;
     2) Кратка биографија;
     3) Мотивациско писмо; 
     4) План и програма за идна работа;
     5) Уверение за државјанство;
     6) Доказ дека не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење професија, дејност или должност, за времетраење на мерката;
     7)  Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
     8) Доказ дека има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето; 
     9) Меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик не постар од пет години: 
      - ТОЕФЕЛ со најмалку 74 бодови,
      -  ИЕЛТС со најмалку 6 бодови, 
      -  ТОЛЕС базично познавање, 
      -  ИЛЕК најмалку Б2 ниво, 
      -  Кембриџ сертификат со намалку Б1 ниво, 
      -  БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или 
      -  АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа “.  
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022 и 213/2022).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 
11. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.