Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со г-дин Алибек Куантуров, министер за национална економија на Република Казахстан.
Односите меѓу двете земји, соработката во областа на економијата и енергетиката, како и предизвиците со кои се соочува европскиот континент, беа дел од разговорот на средбата меѓу Груби и Куантуров.
Република Северна Македонија и Република Казахстан веќе го потврдија својот интерес за развивање на политички дијалог, градење на трговска, економско-енергетска и културна соработка во духот на меѓусебното разбирање, беше истакнато меѓу другото на оваа средба.
Деновиве во Скопје се одржува првиот состанок на заедничката Меѓувладина комисија за трговско-економска соработка, овој состанок ќе придонесе за зголемување на проширувањето и различноста на структурата на комерцијалната размена меѓу двете земји.
Министерот Куантуров истакна дека Казахстан ги поддржува приоритетите на нашата земја за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, истакнувајќи го значајниот напредок на патот на интеграцијата кон ЕУ и успешното спроведување на реформите, како и скрининг-процесот.
Двете земји ќе продолжат да ја обновуваат соработката во сите об ласти како и заедничкиот пристап кон одредени меѓународни прашања во согласност со приоритетите и заложбите на секоја страна за поддршка на иницијативите во рамките на меѓународните организации.
Груби, ја поздрави одлуката на Република Казахстан да отвори амбасада во Република Северна Македонија во 2023 година, што ќе даде дополнителен импулс на односите меѓу двете земји.