Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска официјално го пречека претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама.
Со највисоки државни и воени почести македонската владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ја пречека албанската владина делегација предводена од премиерот Рама.
Во состав на македонската владина делегација се Артан Груби - прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска - заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи - заменик на претседателот на Владата за економски прашања, Бојан Маричиќ- заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи - министер за надворешни работи, Славјанка Петровска - министерка за одбрана, Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи, Никола Тупанчески - министер за правда, Фатмир Бесими - министер за финансии, Крешник Бектеши - министер за економија, Беким Сали - министер за здравство, Јетон Шаќири - министер за образование и наука, Јована Тренчевска - министерка за труд и социјална политика, Ристо Пенов - министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчевска - министерка за култура, Благој Бочварски -министер за транспорт и врски, Насер Нуредини - министер за животна средина и просторно планирање, Адмирим Алити - министер за информатичко општество и администрација, Џемаил Чупи - министер без ресор за дијаспора, Абдулшуќур Абедини - заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Методија Димовски - генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Тахир Хани- заменик генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.
Во состав на албанската делегација се Белинда Балуку - заменичка на претседателот на Владата на Република Албанија и министер за инфраструктура и енергетика, Нико Пелеши - министер за одбрана, Олта Џачка - министер за Европа и надворешни работи, Делина Ибрахимај - министер за финансии и економија, Бледар Чучи - министер за внатрешни работи, Мирела Кумбаро - министер за туризам и животна средина, Елва Маргарити - министер за култура, Бора Мужаќи - државен министер за младите и децата, Едона Билали - државен министер за заштита на претприемништвото, Роналдо Ристо - заменик министер за земјоделство и рурален развој, Улси Мања - министер за правда, Огерта Манастирлиу - министерка за здравство и социјална заштита, Евис Куши - министер за образование и спорт, Милва Економи - државен министер за стандардите на услугите, Елиса Спиропали - државен министер за односите со Собранието, Мајлинда Дука - државен министер и главен преговарач со ЕУ и Фатос Река - амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија.
По официјалниот пречек, премиерите Ковачевски и Рама, ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува меѓувладината седница на која што двајцата премиери Ковачевски и Рама ќе имаат воведни обраќања, по што ќе следува дискусија помеѓу владините делегации на двете држави.
Воедно, на денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти.
По завршувањето на меѓувладината седница, премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.