Премиерот Ковачевски пречекан од претседателот Вучиќ, започна Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија

Во Белград, Република Србија, започна Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан во организација на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Кралството Норвешка на која учествува и ќе говори премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски како и премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија. Целта на Конференцијата е пред инвеститори од Кралството Норвешка да се презентираат можностите за инвестирање во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан.

На официјалното започнување на Конференцијата на која воведни обраќања имаа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Андреас Б. Ериксен, заменик министерот за енергетика и специјалниот пратеник на премиерот на Кралството Норвешка. Претходно претседателот Вучиќ и заменик министерот за енергетика Ериксен ги пречекаа лидерите од Западен Балкан.