Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод новата инвестиција на турската компанија „Текнопанел“

Премиерот Димитар Ковачевски на 18.11.2022 (петок) во 11:00 часот, ќе се обрати на настан по повод новата инвестиција на турската високотехнолошката компанија „Текнопанел“, која ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ 1 Скопје.

На настанот обраќања и презентација за инвестицијата ќе имаат претставниците на раководството на „Текнопанел“, како и  директорот на ТИРЗ Јован Депотовски, по што ќе следи официјално потпишување на договорите за новата инвестиција на компанијата.

Календар Влада: 
Петок, Ноември 18, 2022 - 11:00 to 12:00