Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод отворање на ЈОУДГ „Мило мое" во Општина Чучер Сандево

На ден 21.11 2022 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот, во Општина Чучер Сандево премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод официјално отворање на ЈОУДГ „Мило мое".
 
На настанот покрај премиерот ќе се обратат и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ и директорката на градинката, Ирена Пигуловиќ.

 

Календар Влада: 
E hënë, Nëntor 21, 2022 - 10:00 to 12:00