Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Битиќи ќе учествуваат на Социо-еколошкиот форум

Денеска, 22.11.2022 година (вторник) во хотел Александар Палас со почеток во 9:15 часот претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе учествува на панел дискусија „Социјално-праведна енергетска трансформација на Европа", во рамки на Социо-еколошкиот форум (СЕФ) во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“, меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Потоа, во 11:30 часот на панел дискусијата со тема „На демократијата и се потребни демократи, а на енергијата демократизација“ ќе учествува заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Форумот се организира втора година по ред и собира на едно место претставници на земјите од Западниот Балкан за да дискутираат за чиста-зелена енергија и енергетски ефикасни економии.

Календар Влада: 
E martë, Nëntor 22, 2022 - 00:00 to 23:45