Средба на министерот задолжен за дијаспора д-р. Џемаил Чупи со Парламентарната комисија за надворешни работи и дијаспора на Република Косово

Министерот задолжен за дијаспора во Владата на Република Северна Македонија, д-р. Џемаил Чупи, во текот на интензивните средби, денеска беше домаќин на делегацијата на Парламентарната комисија за надворешни работи и дијаспора во Собранието на Република Косово, предводена од претседателот на оваа комисија, пратеникот, г. Хаки Абази.

Министерот Чупи изрази задоволство од реализацијата на оваа посета, во која непосредно се разговараше за улогата на дијаспората, на која беа разменети искуства и идеи за начинот и можностите за нивно приближување со матичната земја. Тој ги информираше присутните за активностите и обврските кои произлегуваат од Националната стратегија за соработка со дијаспората 2019-2023 година. Исто така информира дека наскоро Собранието на Република Северна Македонија ќе го ратификува Договорот за соработка во областа на дијаспората меѓу двете држави, договор кој дополнително ќе придонесе за односите меѓу двете соседни држави.

Претседателот на Комисијата за надворешни работи и дијаспора на Собранието на Република Косово, г. Хаки Абази изрази подготвеност за уште поплодна соработка меѓу двете земји, особено на полето на соработката во сферата на дијаспората. Тој зборуваше за улогата што ја има дијаспората во зачувувањето на националниот, културниот и јазичниот идентитет, дијаспора која претставува многу важен елемент за привлекување на инвестиции од успешни претприемачи.

Делегацијата од Република Косово беше информирана за работната посета на министерот одговорен за дијаспора, г. Др. Џемаил Чупи, што ќе се реализира во првата половина на декември, а за која пратеникот г. Абази го покани министерот г. Чупи на средба со собраниската Комисија за надворешни работи и дијаспора при Собранието на Република Косово.