Премиерот Ковачевски утре ќе учествува на Самитот на земји од Западен Балкан во Тирана

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од Западен Балкан, утре ќе учествува и ќе говори на Самитот за Западен Балкан-Европска Унија во Тирана, Република Албанија.

Учесниците на Самитот ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а присуство е најавено на високите европски претставници Шарл Мишел и Фон Дер Лаjен, како и премиерите на Белгија, Луксембург и други европски земји. На Самитот е предвидено земјите од Западен Балкан со ЕУ да потпишат декларација за зајакнување на соработката во повеќе сегменти со што се обезбедува подобри услови и бенефиции за граѓаните од земјите од Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски на Самитот во Тирана ќе учествува и на две панел дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедувањето на демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Тирана се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Изјавата на премиерот Ковачевски во вторник 6.12.2022 година, со почеток во 10:15 часот може да ја проследите во живо на следните линкови:

Пристигнување и изјава на премиерот Ковачевски на Самитот помеѓу ЕУ и Западен Балкан во Тирана на македонски јазик

Пристигнување и изјава на премиерот Ковачевски на Самитот помеѓу ЕУ и Западен Балкан во Тирана на албански јазик

Пристигнување и изјава на премиерот Ковачевски на Самитот помеѓу ЕУ и Западен Балкан во Тирана на англиски јазик

Календар Влада: 
E martë, Dhjetor 6, 2022 - 00:00 to 23:45