Груевски: Третото место на Македонија на листата топ реформатори на СБ валоризација на сработеното

Веста од Светската банка дека Македонија има огромен напредок во делот на реформите за создавање добра бизнис клима и за креирање бизнис е голем успех за нас и сериозна валоризација од институција, која што нема политички пресметки кога ги прави овие рангирања туку оценува само стручно според направените реформи и нивното спроведување особено во делот на економијата и економските промени што се направени во земјата.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во Лондон по средбата со британскиот министер за навдорешни работи Вилијам Хејг, коментирајќи го третото место во светот на листата на земји реформатори на Дуинг бизнис за 2012 година. 

- Македонија е трета во светот според спроведените реформи во последните 12 месеци и изби на 22 место на генералната листа на земји коишто имаат добра бизнис клима за правење бизнис. Да потсетам, кога се формираше Владата во 2006 Македонија беше на 94 и во овие  години постепено правејќи ги реформите создавајќи промени дојдовме на 22 позиција во светот. Што е најважно како и минатата година зад нас останаа сите земји од Централна и Источна Европа. Меѓутоа со последниот скок што го имаме на оваа листа само седум земји членки на ЕУ се пред Република Македонија, а 20 земји од ЕУ се зад Македонија на оваа листа. Така што ова претставува сериозна валоризација од институција која што нема политички пресметки кога ги прави овие рангирања туку гледа само стручно експертски и според он ашто е сработено во реформите и спроведувањето на тие реформи особено во делот на економијата и економските промени што се направени во Македонија, рече Груевски.

Тој посочи, дека ова е веќе четврта или петта година по ред како континуирано СБ ги вреднува реформите во Македонија меѓу највисоките и најсилните во светот.

- Ова е голем успех за нас, но ова не е само успех за Владата, туку и за сите граѓани кои што ги поддржуваа тие реформи, за сите институции коишто беа поврзани со спроведувањето на овие реформи, за стопанските комори, за синдикатите и за сите други инволвирани страни што со заеднички напори, заедно  со бизнис секторот, кој што исто така беше вклучен во нивното спроведување и со економските авторитети во Република Македонија успеавме да направиме такви силни промени, толку големи чекори што Македонија веќе практично е подобра од 20 земји членки на ЕУ и е на 22 место во светот, подвлече премиерот.

Тој истакна дека Владата нема тука да застанеме, и дека целта е понатамошно подобрување и искачување на оваа скала повеќе, но пред се реално подобрување на состојбите во правењето добра деловна клима за водење бизнис во Република Македонија, подвлече шефот на Владата. 

- Македонија и Владата ќе остане фокусирана на овие реформи коишто ќе создаваат се повеќе можности за привлекување на инвеститори. И последниот инвестициски бран што дојде од август наваму, оваа година, со доаѓањето на седум, осум глобални компаниии во Републикам Македонија е дел од придобивките што доаѓаат од овие реформи што ги направивме, рече Груевски.

Тој ги посочи областите каде со реформитре е регистриран најголем напредок.

- Вреди да се одбележи дека има неколку поглавја односно реформи во неколку области  каде што имаме огромен скок, а тоа е во сферата на вадење на градежни дозволи каде што Македонија беше прилично лошо рангирана пред тоа, во поведување на стечајни постапки и во други области каде што имаме скокови дури и по 60, 70 места на ранг листата за само една година. Тоа покажува дека минатата година многу се работеше, многу се направи и не само минатата, кога ќе земеме  дека од 94. место во 2006. година дојдовме на 22 место денеска се гледа дека прогресот е толку голем што ниту една друга земја во светот за тој период не направила приближно таков голем скок како што направи Македонија со спроведените реформи оценети од Светсакта банка институција, како што кажав, која оценува експертски, оценува стручно, растеретена од  какви било политички пресметки или калкулации, подвлече премиерот Никола Груевски.