Средба на министерот Димовски со министерот за енергија и водни ресурси на Израел

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во рамки на работната посета на Израел се сретна со министерот за енергија и водни ресурси, д-р Узи Ландау.

На средбата се разговараше за соработката мегу Р. Македонија и Израел во областа на рационално искористување на водите, со оглед на тоа што во Р.Македонија има вода но треба да се научи како штедливо и мудро да ја користи. Поради климатските промени некои региони во Македонија сериозно се погодени и се јавува недостиг на вода во летните сезони. Поради тоа Македонија треба да научи од Изреал како да ја штеди водата. Во овие региони на пролет има силни и обилни дождови и водата од овие дождови треба да се сочува и користи во сушните периоди.

Интересно е што министерството за енергија и водни ресурси, има направено калулатор кој им се дава на земјоделците. Израел е поделен на шест региони според климатските услови. па во тој калкулатор се внесува регионот каде е фармата, типот на кулурата која се одгледува (тие се поделени во три групи) и на крај се добива колку земјоделецот секој ден треба да користи вода за наводнување. Во пустинскиот дел потребно е наводнување 12 месеци а во останатиот само 8. Министерот Узи Ландау го покани мнистерот Димовски повторно да дојде во Израел но овој пат да се разговара за сериозна соработка во областа на водите и наводнувањето.

Двајцата министри изразија заедничко уверување за продолжување на соработката и повторна средба.