Премиерот Ковачевски на настан во компанијата „ХајТек Груп“ по повод потпишување на нов договор за државна помош

Ве известуваме дека утре, 23.12.2022 година (петок) во 12.00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, ќе ја посетат компанијата „ХајТек Груп“ со цел, потпишување на нов договор за државна помош.

Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Битиќи ќе дадат изјави за медиуми со почеток во 12:35 часот, во лобито на компанијата „ХајТек Груп“, која се наоѓа во комплексот ТЦЦ Плаза на 7-миот кат.

Календар Влада: 
Петок, Декември 23, 2022 - 12:00 to 13:00