Соопштение за 1 јануари, Нова Година

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 1 јануари (недела), односно 2 јануари 2023 година (понеделник), Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Новата Година.