Јавен оглас бр.02/2023 за именување на директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
08.02.2023

Врз основа на член 7 од Законот за санитарната и здравствената инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/2006, 139/2008, 88/2010, 18/2011, 53/2011, 164/2013, 43/2014, 144/2014, 51/2015, 150/2015, 37/2016 и 83/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2023
за именување  на директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на предлог на министерот за здравство.    

2. За директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
      1) Да е државјанин на Република Северна Македонија;
      2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
     3) Да има стекнати најмалку 360 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование - медицински факултет и положен стручен испит;
     4) Да има минимум пет години работно искуство во струката;
     5) Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      - ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      -  ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      -  ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      -  ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      -  БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      -  АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

3. За директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf,

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
     1) Пријава по оглас;
     2) Кратка биографија;
     3) Мотивациско писмо; 
     4) План и програма за идна работа;
     5) Уверение за државјанство;
     6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
     7) Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 360 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование - медицински факултет и положен стручен испит;;
     8) Доказ дека има минимум пет години работно искуство во струката; 
     9) меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      -  ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      -  ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      -  ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      -  ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      -  БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      -  АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат “.

6.Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).

8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022 и 213/2022).

9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 

11. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.