Мерки за штедење преземени во МЗШВ по започнување на економско - енергетската криза

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, веднаш по започнувањето на економско-енергетската криза самоиницијативно во месец јуни воведе план за штедење со сет мерки кои предвидуваа намалување на трошоите од работењето како одговор на негативните влијанија од кризата која го зафати светот.

Мерките имаа за цел да направат промени во начинот на вршење на работата во нашата институција а беа дефинирани како: намалување на трошоците за електрична енергија, гориво и други режиски трошоци, намалување на потрошувачката на канцелариски материјал, трошоци за прекувремена работа како и патни и дневни расходи на ниво на одржлив минимум за нормално и редовно функционирање на работата на министерството.

Во месец август, Владата на Република Северна Македонија донесе сет препораки, мерки и задолженија за заштеда на електрична и топлинска енергија по што беше донесено упатство за заштеда на министерството. Фокусот на министерството беше да се заштеди електрична енергија и да се заштедат буџетски средства.

Денес, половина година после носењето на планот и упатството за штедење можеме да констатираме дека воведените мерки одлично ги исполнуваат зацртаните цели и министерството има реализирано заштеди од финансиски аспект.

Евидентиравме заштеда на трошоци за канцелариски материјали на крајот од второто полугодие во однос на првото со изразен процент од 39%, заштеда од 31% на трошоците за работно време подолго од редовното работно време на крајот од второто полугодие 2022 година, а заштеда од 7% е евидентирана во делот на трошоците за исплата на патни и девни расходи.

Со воведување на домаќински мерки за штедење, остваривме заштеди во трошењето на електрична енергија во периодот јули-декември, при што намалувањето на потрошувачката на електрична енергија опаѓаше во просек по 8% секој месец од воведувањето на мерките до крајот на календарската година. Во оваа насока, целосно ги исполнивме и таргетите поставени од владата со носењето на планот за рационализација на трошоците при  што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во споредбените периоди за месеците септември, октомври и ноември со истите месеци од 2021 година прогресивно напредуваше од 19% кон 33% на заштеда и ја исполни целта заштедата на ниво на институција да надминува 20%. Дополнително на релаксирање на буџетот на државата и парите на граѓаните, министерството отпочна иницијатива за поставување на фотоволтаици на централниот објект, проект чија реализација во 2023 година ќе придонесе за понатамошно генерирање на заштеди и употреба на буџетските средства за намени кои ќе обезбедат развој и раст на националната економија.